Лидерот во генералниот пласман Макс Верстапен продолжува да демонстрира сила и форма во Формула 1 шампионатот. Денеска холандскиот возач на Ред Бул ја освои пол-позицијата на трката за ГН на Австрија на патеката Ред Бул Ринг. Всушност Верстапен трета година по ред е на пол позицијата на оваа трка затоа што беше најдобар и во 2021 и во 2022 година.
Од втората позиција ќе стартува возачот на Ферари, Шарл Леклер кој задоцни 0,048 секунди, а од третата позиција ќе стартува Карлос Сајнц, а потоа Норис, од петтата Хамилтон…
Катастрофални квалификации имаа Серхио Перез, другиот возач на Ред Бул како и Џорџ Расел на Мерцедес.