Екипта на РК Е.Пелистер 2 од денеска и официјално има нов кормилар, во името на Михаил Петровски. Стратег кој и досега беше дел од клубот но сега има нова функција.
Тој беше долгогодишен ракометар на битолскиот клуб, а во последните неколку години тренер во школата. Минатата сезона оствари успех со кадетската екипа на клубот, која го освои третото место на завршниот турнир во Скопје. 39.годишниот Петровски ќе го наследи Александар Зарков, кој си замина по истекот на договорот.
Петровски долги години го носеше дресот на Е.Пелистер, играше на позицијата десен бек, а еден период беше и капитен на екипата. Покрај за матичниот клуб, Петровски настапуваше и за Констанца, Архус, Балатонфуреди… На крајот од месец јули Петровски ќе ги започне подготовките за новата сезона. Тогаш и официјално ќе биде претставен пред медиумите.