Младинките поразени од Романија на отварањето на „Трофеј Карпати“

94

Македонската младинска женска ракометна репрезентација со пораз тргна на меѓународниот турнир „Трофеј Карпати“. Избраничките ја Јулијана Дамчевска на отварањето беа совладани од домаќинот, Романија со 35-29.

Нашите ракометарки одиграа добро во првото полувреме. Пред десетата минута, кога при 5-4, домаќинот врза три гола во низа и дојде на плус четири (8-4). Сепак ова не ги демотивира нашите девојки, во 20 минута се вратија од негативата од три гола и изедначија на 11-11. Беа на гол до два разлика, но пред крајот на првото полувреме, Романија успеа да поведе со највисоки 19-14.

После одморот, Македонија повторно се доближи на минус два (21-19) во 36 минута. Нов пад во играта беше довона причина за да противничките ракометарки стигна на нови плус пет (28-23) и без проблем го приведат мечот во своја корист.

Македонија шанса за победа ќе има веќе утре, силите ќе ги одмери против Швајцарија.

За Дамчевска и нејзините избранички овој турнир е проверка на силите пред стартот на Европското првенство.

ПретходноВоска објави разделба со тројца играчи, меѓу нив e капитенот Емини
СледноВаленти: Ќе внесеме италијанска филозофија во Брера Струмица