До вчера беше речиси сигурен трансферот на Марсело Брозовиќ од Интер во Ал Наср, меѓутоа приказната добива неочекувам пресврт, јавуваат медиумите во Италија. Ал Наср, според пишувањата на Џанлука Ди Марцио, ја намалил првичната понуда за Хрватот од 23 милиони на 15 милиони евра.
А од Интер веднаш реагирале и ги замрзнале преговорите.
Брозовиќ се враќа на „Џузепе Меаца“, па ќе видиме дали од Ал Наср ќе се свртат кон првичната понуда или од трансферот ќе нема ништо. Додека Интер и Ал Наср мудруваат околу сумата, Хрватот ужива на јадранското приморје.
Дома Меѓународен фудбал Италија Пропаѓа трансферот на Брозовиќ – Саудијците ја намалиле понудата, Интер кажа СТОП