Брозовиќ патува за Саудиска Арабија, Лапорта објасни зошто не го зеле Хрватот!

419

Фабрицио Романо доцна синоќа објави дека трансферот на Марсело Брозовиќ во Ал Наср е завршена работа. Најпознатиот фудбалски инсајдер на Твитер објави дека е постигнат усмен договор меѓу Ал Наср и хрватскиот репрезентативец и дека се чека само потписот на договорот. Брозовиќ денеска треба да направи лекарски преглед, а потоа да потпише договор на три години.

Ал Наср на Интер ќе му плати отштета од 23 милиони евра, а Брозовиќ за плата и потпишување договор ќе добие 100 милиони евра.

Ова значи дека неговиот трансфер во Барселона пропадна, а првиот човек на клубот објасни и зошто:

„Брозовиќ, Зубименди и Кимих се прескапи. Овие трансфери не можеа да се реализираат поради финансии“, рече тој

ПретходноХарден одлучи – ја напушта Филаделфија!
СледноИ Фирмино оди во С.Арабија, Лукаку ги одбил милионите на Ал Хилал!