Академија Пандев се ребрендира во Брера Струмица Академија Пандев, популарниот Горан Пандев е новиот сопственик, а нов тренер е Италијанецот Џовано Валенти. Тој е веќе во Струмица каде што се запозна со фудбалерите и почна со тренинзи.
Тој очекува добра соработка, а вети нови идеи и италијанска филозофија во Брера Струмица.
„Најпро очекувам да уживам во сето тоа, да уживам со вработените, со играчите, да имам добри чувства и секако ќе дадеме се од себе за да ја донесеме овде нашата идеја, нашата филозофија. Сакаме да играме добар фудбал, да изградиме добар стил на игра.
Ќе се обидеме да победиме на колку што можеме повеќе натпревари. Спортскиот директор и претседателот работат заедно за да донесат нови играчи во тимот“, изјави Валенти.
„Гледавме многу натпревари од минатата сезона и видовме дека нивото е добро, има добро ниво, има многу добри екипи во лигата. Ние сме со многу млади играчи, но тоа ми се допаѓа и најважна работа во моментов е да им се помогне да пораснат и да се подобрат и потоа ќе видиме што може да се направи.
Ги респектираме другите тимови и мислам дека можеме да постигнеме добри резултати. Младинскиот сектор на Академија Пандев е многу важен. Исто така имаме многу играчи под 19 и 18 години на првите тренинзи и сакаме да ги процениме, па ако можеме да ги вклучиме во првиот тим“, додаде италијанскиот стратег.