ФК Вардар денес и официјално започнува со подготовките за наредната фубалска сезона. „Црвено црните“ се вратија во ПМФЛ, а и покрај турбулентниот период сака да се спреми квалитетно за предизвиците во најсилната лига каде што базична цел е да се остане таму. Тренерот Бобан Грнчаров им се обрати на играчите по што почна тренингот на Арената, инаку домот на најтрофејниот македонски клуб.
Да потсетиме Вардар во изминатите сезони играше и тренираше на други стадиони.