Воска објави разделба со тројца играчи, меѓу нив e капитенот Емини

1104

Новиот македонски прволигаш Воска спорт објави разделба со тројца фудбалери, Ардит Демири, Илас Чилафи и капитенот Изаир Емини. На сите тројца денеска им истекоа договорите и го напуштија охридскиот тим.
Емини изминатите две години ја носеше капитенската лента, а е најдобриот голгетер на тимот и идол на младите играчи на Воска.
И Демири долго време беше во Воска, додека Чилафи му се приклучи на тимот во јануари 2021 година. Тројцата беа дел од историскиот успех на Воска, пласманот во ПМФЛ, а сега ќе ги сменат клупските бои.

ПретходноЖФК Љуботен против кипарски ривал во ЛШ
СледноМладинките поразени од Романија на отварањето на „Трофеј Карпати“