Галтие уапсен поради расизам

276

Кристоф Галтие, тренерот на тимот на ПСЖ денеска е уапсен под обвинение дека извршил дисркиминација и е обвинет за расизам.

Заедно со неговиот син, Џон Галтие, кој му е и близок соработник се обвинети дека на расна основа го навредувале, а потоа и дискриминирале  спортскиот директор на Ница, Жулиен Фурние, додека Галтие сениор бил дел од овој тим односно ја водел екипата на Ница.

Галтие нормално уште при стартот на истрагата месеци наназад ги отфрли сите обвинувања и поднесе контра тужба против оние кои го обвинуваат.Голем број играчи на Ница веќе дадоа исказ, а тоа го сторија и претседателот на клубот Жан-Пјер Ривер и помошникот тренер Дидие Дигар.

ПретходноКристијан Чурлинов е нов член на Силекс
СледноИако Пеце гордо го носеше македонскит дрес, неговиот син ќе игра за Италија!