ЖФК Љуботен против кипарски ривал во ЛШ

138

Македонскиот женски фудбалски шампион, екипата на Љуботен ги дозна противниците за мини-турнирот во првата рунда на Лигата на шампионки. Полуфинален ривал на македонскиот првак ќе биде тимот на Аполон од Кипар, кој беше носител во ждрепката.
Победникот од овој дуел ќе игра против подобриот од Марибор од Словенија и Самегрело од Грузија. Подобриот на овој мини-турнир ќе игра во следната квалификациска фаза.
Засега не е познато каде ќе се одигра овој мини-турнир, а дуелите ќе се играат од 6 до 9 септември.
Минатата година Љуботен беше домаќин на турнирот, а во полуфиналето беа елиминирани од Сент Полтен со 7:0.

ПретходноПропаѓа трансферот на Брозовиќ – Саудијците ја намалиле понудата, Интер кажа СТОП
СледноВоска објави разделба со тројца играчи, меѓу нив e капитенот Емини