Згуро: Струга ТЛ е најдобрата екипа во Македонија

528

Ванѓел Згуро е најмладото име во редовите на македонскиот шампион Струга ТЛ. Тој веќе беше преставен како ново засилување за стружани по левата бековска позиција, а денеска излезе и со првата изјава по доаѓањето во новата средина.

„Овој трансфер дојде со желба и од двете страни и многу сум задоволен. Струга Трим Лум во моментов е најдобрата екипа во Македонија. На струшките навивачи можам да ви ветам дека на секој натпревар ќе го давам максимумот и се надевам дека ќе одиме што повисоко во европските натпревари, но и во новата сезона ќе се бориме да ја одбраниме шампионската титула“, изјави Згуро, кој потпиша едногодишен договор со Струга ТЛ.

ПретходноБесар Исени потпиша за Воска Спорт
СледноАтлетико (М) го договори Аспиликуета, Интер извиси