Иако Пеце гордо го носеше македонскит дрес, неговиот син ќе игра за Италија!

15366

Михаил Наумоски, синот на поранешниот репрезентативец и претседател на македонската кошаркарска федерација, Пеце, нема да тргне по постапките на својот татко, барем кога станува збор за националниот дрес. СПОРТМЕДИА дознава дека Михаил одлучил да игра за Италија, а не за Македонија.

Иако од нашата федерација долго време се обидуваа да го предомислат овој млад кошаркар и се бореа во ФИБА да остане под македонското сонце, сепак победи неговата одлучност да не игра за Македонија. Синот на Пеце нема ниту еден настап за македонската репрезентација, времето го купи одбивајќи да заигра во националенот дрес. Ова беше доволно за да ФИБА му дозволи да настапува за Италија.

Тој пред три години беше на список на Италија, таму беа импресионирани од неговиот потенцијал веднаш му понудија и пасош, за во иднина да ги брани боите на „аѕурите“, што ќе се случи ова лето. Михаил треба да настапи за Италија на ЕП 2023 кое ќе одржи во Крит.

ПретходноГалтие уапсен поради расизам
СледноМилош Теодосиќ е нов кошаркар на Црвена Звезда