Според Фабрицио Романо, Роберто Фирмино оди во Саудиска Ал Ахли. Тој ги договорил сите услови со клубот и допрва треба да оди на лекарски преглед. Тој ќе потпише договор до 2026 година, а од Ливерпул пристигнува како слободен играч.
За разлика од него Ромелу Лукаку одбил 45 милиони евра по сезона од Саудиска Ал Хилал, пренесува Gazzetta и тврди дека белгискиот напаѓач сака само да оди во Интер. Да потсетиме, Лукаку има договор со Челзи, а минатата сезона ја мина на позајмица во Интер.