Марко Стојанов е ново засилување на Бутел Скопје

259

Еден од најдобрите стрелци во прволигашката конкуренција, Марко Стојанов, е нов ракометар на Бутел Скопје.

Струмичанецот кој потекнува од Астраион и досега настапуваше само за матичниот клуб игра на левата бековска позиција. Стојанов (185/72) има 19 години и со Бутел Скопје се обврза на соработка на три сезони.

Претходно овој тим го ангажираше тренерот Горан Кузманоски, договорите беа продолжени со Димитар Ѓоргиевски, Бојан Блажески и Кристијан Давитковски.

Нови играчи во Бутел Скопје се левиот бек Лука Иваниќ, десното крило Дамјан Георгиев и голманот Александар Стојаноски

ПретходноФокусот кон вработените на прво место – Флекс Кредит организираше незаборавен тим билдинг за своите вработени!
СледноПочина Вахидин Мусемиќ, легендарниот југословенски напаѓач