Милош Теодосиќ е нов кошаркар на Црвена Звезда

1604

Искусниот 36. годишен српски кошаркарски интернационалец Милош Теодосиќ ќе го засили тимот на Црвена Звезда. По децении интернационална кариера во која го достигна врвот во европската кошарка, а се испроба и кратко во НБА лигата, Теодосиќ се враќа во Србија.

Тој своевремено од екипата на ФМП замина за Олимпијакос и никогаш не беше дел од „вечните“ Партизан или Црвена Звезда. Сепак, ете на крајот од кариерата пристигнува во Белград како засилување за Евролигата.

Претходно покрај за Олимпијакот настапуваше и за ЦСКА Москва, Лос Анџелес Клиперс односно Виртус Болоња од каде што и доаѓа во Звезда.

 

ПретходноИако Пеце гордо го носеше македонскит дрес, неговиот син ќе игра за Италија!
СледноМихаил Петровски нов кормилар на Е.Пелистер 2