Македонската младинска женска ракометна репрезентација со пораз тргна на меѓународниот турнир „Трофеј Карпати“. Избраничките ја Јулијана Дамчевска на отварањето беа совладани од домаќинот, Романија со 35-29.
Нашите ракометарки одиграа добро во првото полувреме. Пред десетата минута, кога при 5-4, домаќинот врза три гола во низа и дојде на плус четири (8-4). Сепак ова не ги демотивира нашите девојки, во 20 минута се вратија од негативата од три гола и изедначија на 11-11. Беа на гол до два разлика, но пред крајот на првото полувреме, Романија успеа да поведе со највисоки 19-14.
После одморот, Македонија повторно се доближи на минус два (21-19) во 36 минута. Нов пад во играта беше довона причина за да противничките ракометарки стигна на нови плус пет (28-23) и без проблем го приведат мечот во своја корист.
Македонија шанса за победа ќе има веќе утре, силите ќе ги одмери против Швајцарија.
За Дамчевска и нејзините избранички овој турнир е проверка на силите пред стартот на Европското првенство.