Милан вечерва и официјално го објави потписот на играчот од средниот ред на Челзи, Рубен Лофтус-Чик. Играчот за врска потпиша четиригодишен договор со „росонерите“, со кој 27-годишниот Англичанец до летото 2027 година треба да остане во Милано.
Според инсајдерот Фабрицио Романо, сумата на трансферот е 16 милиони евра, со 4 милиони кои „сини“ можат да заработат како бонуси.
Играчот од средниот ред одигра 155 натпревари за лондончани и постигна 13 гола.
✍️ Ruben Loftus-Cheek ✍️
Official Statement ➡️ https://t.co/80KKI1RSWP
Comunicato Ufficiale ➡️ https://t.co/9QDMajiztn
#ACMQuest #SempreMilan pic.twitter.com/clTcDCcTDb— AC Milan (@acmilan) June 30, 2023