ПОТВРДЕНО: Челзи го купи Џексон од Виљареал за 37 милиони евра

199

Напаѓачот Николас Џексон од вечерва и официјално се пресели во Челзи. Веста ја потврди лондонскиот гигант.

Договорот на Сенегалецот со лондонскиот клуб е до 2031 година. Претходно беше објавено дека Челзи ќе му плати на Виљареал сума од околу 37 милиони евра за правата на голгетерот. Сумата е за 2 милиони повеќе од ослободителната клаузула во договорот на играчот.

Во сезоната 2022/23, 22-годишниот Џексон постигна 13 гола и имаше 5 асистенции на 38 натпревари за Виљареал.

ПретходноВоска Спорт ангажираше искусен голман
СледноЛиверпул ја активираше клаузулата од договорот на Собослаи, ќе го купи за 70 милиони евра!