Почина Вахидин Мусемиќ, легендарниот југословенски напаѓач

1478

На 76-годишна возраст почина Вахидин Мусемиќ. Легендарниот фудбалер на Сараево го освои среброто со југословенската репрезентација на Европското првенство во Рим во 1968 година, беше исклучителен напаѓач со фантастично чувство за гол.

Тоа го покажуваат бројките, тој за Сараево постигна 169 гола на 293 натпревари, а потоа играше за Ница каде остана две години.

За репрезентацијата на Југославија дебитираше во 1968 со гол против Франција, ова беше истата година кога е забележан најголемиот успех на овој национален тим.

ПретходноМарко Стојанов е ново засилување на Бутел Скопје
СледноСензационално: Екс играчот на Работнички и Шкупи потпиша за Васко Де Гама