Хрватскиот репрезентативец Мислав Оршиќ од денеска е ново засилување за турски Трабзонспор. Оршиќ минатата сезона дојде во Саутемптон како големо засилување, но откако тимот испадна од англиската елита, Оршиќ е продаден во Турција каде настапува нашиот Енис Барди, а тренер на тимот е Ненад Бјелица, кој го донесе Оршиќ и во Динамо (З).
Оршиќ не се снајде во Саутемптон и се зборуваше дека може да се врати во Динамо, но предност имаше повикот на Бјелица. Саутемптон за ослободувањето на Оршиќ ќе добие отштета од четири милиони евра.
Hoş geldin Mislav Oršić 💪🏻 pic.twitter.com/ZYE1xCYUJ2
— Trabzonspor (@Trabzonspor) June 30, 2023