„Трофеј Карпати“: Младинките на стартот против Романија!

100

Македонската женска младинска репрезентација продолжува со подготовките за настап на Европското првенство кое ќе се одржи во Романија. Избраничките на Јулијана Дамчевска во следните три дена ќе бидат дел од турнирот „Трофеј Карпати“, нова шанса за тестирање на силите и создавање на подобра слика пред да стартува вистинското.

Овој турнир ќе се одржи Питешти, покрај Македонија и Романија, учество ќе земат и репрезентациите на Швајцарија и Србија.

Младинките на стартот ќе се сретнат со Романија (16:30 часот), по што следат пресметките со Швајцарија и Србија.

Европското младинско првенство ќе се игра од 6 до 16 јули, а Македонија е во група со Данска, Чешка и Црна Гора.

ПретходноАвстралија без НБА ѕвездата на Мундобаскетот!
СледноЈКА-МТКФ карате семинар со Сенсеи Коичиро Окума 7 дан од Јапонија