ЈКА-МТКФ карате семинар со Сенсеи Коичиро Окума 7 дан од Јапонија

198

Карате федерацијата на Македонија информира дека за прв пат во нашата земја ќе се одржи ЈКА карате семинар со Сенсеи Коичиро Окума 7 дан. Семинарот е закажан за периодот од 9 до 13 ноември 2023 во салите на Карате клубот Работнички и Будо центарот НЕДЕВИ во Скопје.

„Сенсеи Окума кој е повеќекратен шампион на Јапонија доаѓа на покана на нашиот најдобар каратист Дејан Недев. Јапонската Карате Асоциација е прва и најстара карате организација во светот формирана во далечната 1949 година од страна на Масатоши Накајама и Хидетака Нишијама основач на ИТКФ. ЈКА е една од најмасовните и најорганизираните карате федерации во светот со седиште во Токио, која во минатото и денес ги испраќа најдобрите јапонски инструктори да го шират каратето во светот. Меѓу најистакнатите јапонски инструктори кои во минатото одржале карате семинари во Македонија на покана на Венцислав Недев биле: Хидетака Нишијама, Таиџи Казе и Хироши Шираи. ЈКА исто така учествува и се натпреварува на ИТКФ светските шампионати во традиционално карате“, се вели во известувањето на МТКФ. 

Претходно„Трофеј Карпати“: Младинките на стартот против Романија!
СледноЈувентус е подготвен да го продаде Французинот!