Aталанта се договори со поранешен играч на Арсенал

171

Репрезентативецот на БиХ, Сеад Колашинац по една и пол година во Марсеј ќе премине во Италија и ќе го облече дресот на Аталанта. Колашинац не сакал да го продолжи договорот со Марсеј, па одлучил да ја продолжи кариерата во клубот од Бергамо, пренесува „Скај спортс Италија“.
Левиот бек беше стандарден во Марсеј со тоа што одигра 41 меч во сите натпреварувања. Договорот му истече и како слободен играч оди во Аталанта.
Колашинац претходно играше за Шалке и Арсенал. Со „топчиите“ освои ФА Куп.

ПретходноАтлетико (М) го договори Аспиликуета, Интер извиси
СледноТрабзонспор за 4 милиони евра го купи Мислав Оршиќ