Аврамовски стрелаше во победата на Сараево над Шкендија

485

Екипата на Шкендија е поразена во пријателски меч од еден од најдобрите тимови во БиХ, Сараево со 2:0. Мечот се одигра во Стојнци во Словенија, а Босанците славеа со голови во првото полувреме.
Мрежата на Шкендија ја начна македонскиот интернационалец Даниел Аврамовски во 12 минута. Осум минути подоцна „Бордо“ тимот погоди статива, а во 42 минута погоди Зиљкиќ за 2:0 и тоа една минута откако тимот на Шкендија промаши фантастична шанса и празен гол.
Шкендија одигра добро, имаше неколку добри шанси, а неколку пати реагираа лошо во нападот, а неколку обиди им фати голманот на Сараево.
Претходно Шкендија ја совлада Рогашка со 1:0 и Петролул со 3:2.

ПретходноВардар ги почна подготовките во својот дом (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноШкринијар и Д’Амбросио го напуштија Интер