Шкринијар и Д’Амбросио го напуштија Интер

975

Италијанскиот Интер од Милано објави дека централниот бек Милан Шкринијар и дефанзивецот Данило Д’Абросио го напуштаат клубот како слободни фудбалери. На нив договорите им истекоа и со тоа добија слобода да си бараат нови клубови.
Д’Амбросио го напушта Интер по 9 ипол години во клубот, а неофицијално и се нуди на Рома.
Шкринијар заминува по шест сезони во дресот на „нероаѕурите“, неофицијално негова дестинација ќе биде ПСЖ. Одамна се зборува за негов трансфер во парискиот клуб, а сега може тоа да го направи без пари.

ПретходноАврамовски стрелаше во победата на Сараево над Шкендија
СледноВардарци со порака до навивачите: Купете сезонски билет!