Ливерпул ја активираше клаузулата од договорот на Собослаи, ќе го купи за 70 милиони евра!

249

Ливерпул е многу блиску до потпишување на договор со играчот од средниот ред на Лајпциг, Доминик Собослаи, објави инсајдерот Фабрицио Романо.

Германскиот клуб е информиран дека „црвените“ ќе ја активираат ослободителната клаузула од договорот на 22-годишниот Унгарец, со кого веќе се договорени условите за личниот договор. Истата ќе изнесува околу 70 милиони евра.

Во сезоната 2022/23, Собослаи настапи на 46 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 10 голови и 13 асистенции.

ПретходноПОТВРДЕНО: Челзи го купи Џексон од Виљареал за 37 милиони евра
СледноБесар Исени потпиша за Воска Спорт