Искусниот 36. годишен српски кошаркарски интернационалец Милош Теодосиќ ќе го засили тимот на Црвена Звезда. По децении интернационална кариера во која го достигна врвот во европската кошарка, а се испроба и кратко во НБА лигата, Теодосиќ се враќа во Србија.
Тој своевремено од екипата на ФМП замина за Олимпијакос и никогаш не беше дел од „вечните“ Партизан или Црвена Звезда. Сепак, ете на крајот од кариерата пристигнува во Белград како засилување за Евролигата.
Претходно покрај за Олимпијакот настапуваше и за ЦСКА Москва, Лос Анџелес Клиперс односно Виртус Болоња од каде што и доаѓа во Звезда.