Пропаѓа трансферот на Брозовиќ – Саудијците ја намалиле понудата, Интер кажа СТОП

307

До вчера беше речиси сигурен трансферот на Марсело Брозовиќ од Интер во Ал Наср, меѓутоа приказната добива неочекувам пресврт, јавуваат медиумите во Италија. Ал Наср, според пишувањата на Џанлука Ди Марцио, ја намалил првичната понуда за Хрватот од 23 милиони на 15 милиони евра.
А од Интер веднаш реагирале и ги замрзнале преговорите.
Брозовиќ се враќа на „Џузепе Меаца“, па ќе видиме дали од Ал Наср ќе се свртат кон првичната понуда или од трансферот ќе нема ништо. Додека Интер и Ал Наср мудруваат околу сумата, Хрватот ужива на јадранското приморје.

ПретходноВуков викендов ќе атакува на Ред Бул Ринг
СледноЖФК Љуботен против кипарски ривал во ЛШ