Јуниорките поразени стартот во Софија

100

Женската кошаркарска репрезентација до 18 години со пораз го отвори Европското првенство во Б дивизијата, чиј домаќин е Софија. Избраничките на Јелена Антиќ во првото коло беа поразени од Холандија со 66-43.

Македонските кошаркари на полувреме имаа негатива од седум поени (26:19), но противничките предноста ја направија во третата четвртина, ја добија со 18-7. Најефикасна во македонските редови беше Марија Николов со 11 поени. Модева реализираше осум поени, седум имаше Николиќ, а по пет Милованова и Начевска. На вториот натпреварувачки ден на Европското првенство во Софија Македонија е слободна. По ден пауза, na 2. јули, од 19.30 часот, следува дуелот со селекцијата на Исланд.

ПретходноШкупи се пофали со заедничка фотка пред стартот на евро авантурата
СледноВуков викендов ќе атакува на Ред Бул Ринг