Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски преку видео на социјалната мрежа Инстаграм се збогува со Фенербахче затоа што му истече позајмицата и сега ќе се врати во Саудиска Арабија во тимот на Ал Ахли.
Алиоски со Фенербахче го освои Купот на Турција, одигра 26 натпревари, а истанбулскиот клуб не сакаше да го откупи неговиот договор. Сепак, Алиоски нема да се задржи во Саудиска Арабија затоа што ќе го менува клубот.
Според турски „Сабах“ за него се заинтересирани Караѓумрук, Анкарагучу и Анталијаспор. Ќе видиме дали ќе заврши во некој од овие клубови или ќе оди во друг.
View this post on Instagram