Атлетико Мадрид го врати стариот амблем на клубот

273

Клубот Атлетико Мадрид со мнозинсрво гласови „За“ од регистрираните гласачи, го врати старото лого на клубот кое замина во историјата по ребрендирањето во 2017 година.

Управниот одбор на клубот пак одлучи сега веќе старо – новото лого да биде активно од 1 јули 2024 година, објави прес-службата на тимот.

За оваа промена гласаа 77.690 од 138.881 членови на клубот.

Во текот на анкетата, многу сегашни и поранешни фудбалери на „Душекчиите“ изразија поддршка за враќањето на претходниот амблем.

ПретходноМарота: Јунајтед во следните неколку дена ќе испрати официјална понуда за Онана
СледноФросиноне си најде познат тренер