Откако ја однесе Воска Спорт во елитата, Изаир Емини го напушти охридскиот клуб, но затоа сега е ново име и екстра засилување за Беса од Добри Дол. Амбициозен второлигаш кој има намера следната сезона да тргне кон остварување на сонот, а тоа е пласман во ПМФЛ.
Секако дека со искусниот и одличен напаѓач како што е Емини, екс фудбалер на Ренова и Шкендија, кој има и интернационално искуство во Косово и Албанија, ќе биде полесно.
„Да, можам да потврдам дека се договорив со раководството на Беса. Понудата која стигна веднаш откако си заминав од Воска мене лично ми одговараше. Знам дека Беса е тим кој што има и тоа како амбиции да се бори за пласман во елитата, и затоа се одлучив да ја прифатам понудата на клубот од Добри Дол“ изјави за “Спортмедиа“ Изаир Емини, фудбалерот кој Воска треба да го слави засекогаш, но….