Кајакарот Анѓел Петрушев не успеа да се квалификува во следната рунда на Европските игри во Краков. Тој настапи во кајак крос и постигна време од 70:20 секунди во многу силната конкуренција и поискусни кајакари.
Со настапот на Петрушев македонските спортисти го завршуваат настапот на Европските игри 2023 во Краков.