Вилдан Керим е најновото засилување за новиот прволигаш Воска Спорт. Како што објавија од охридскиот состав, Керим доаѓа во тимот како слободен агент, бидејќи не го продолжи договорот со Гостивар.
Керим е напаѓач кој игра и на позиција на левото крило, а кој во текот на својата кариера се докажа надвор од Македонија играјќи прво во Турција, а потоа и на Косово.
Воска Спорт досега ги ангажираше голманот Бурхан Мустафа, дефанзивецот Фатих Исмаил, централниот бек Никола Стијеповиќ, централниот играч за врска Николче Шаркоски како и Бесир Исени.