Крај на еднa голема кариера: Фабрегас објави пензионирање

171

Поранешниот шпански репрезентативец Сеск Фабрегас објави дека заминува во пензија.

„Со голема тага објавувам дека дојде време кога треба да ги закачам копачките. Го ценам секој ден од мојата кариера, почнувајќи од Барселона, потоа Арсенал, потоа повторно Барселона, потоа Челзи, Монако и на крајот Комо. Победите на светското и европското првенство, победите на сите турнири во Англија и Шпанија, ги имам освоено скоро сите европски турнири. Тоа беше незаборавно патување“, напиша Фабрегас на социјалните мрежи.

36-годишниот Шпанец минатата сезона ја мина во италијанскиот клуб Комо играјќи во Серија Б. Фудбалерот од средниот ред најави дека започнува тренерска кариера и ќе работи со младинските тимови на Комо.

ПретходноВезенков го напушта Олимпијакос и заминува во НБА
СледноЕвропска офанзива на НБА: Мициќ за 23,5 милиони долари потпишува за Оклахома