Ливерпул го донесе Доминик Собозлаи за 70 милиони евра

167

На само четири часа од истекот на рокот што се однесува до неговата откупна клаузула од тимот на Ред Бул Лајпциг, тимот на Ливерпул ја активираше истата, па за 70 милиони евра, Доминик Собозлаи е нов играч на тимот од „Енфилд“.

Од друга страна личните услови по кој унгарскиот капитен се преселува во Луверпул одамна се договорени, остана само да се плати отштетата. И тоа е решено, па тој веројатно в понеделник веќе ќе се појави на промоција.

Со ова, Собозлаи станува трет најскап играч кој го довел Ливерпул по Вирџил Ван Дајк кој чинеше 84.3 милиони односно Дарвин Нунез кој чинеше 80 милиони евра.

 

ПретходноБуфон е подготвен да каже крај
СледноКанаваро е наследникот на Пирло