Македонскиот интернационалец и репрезентативец Енис Фазлагиќ следната сезона дефинитивно ќе има нов клуб. По позајмицата во Дунајска Среда, и статусот на Висла Краков неговиот матичен клуб на второлигаш, на Фазлагиќ не му оставаат многу простор за маневар, туку едноставно да замине во друг клуб.
Неговите примања во моментов се преголеми за Висла како второлигаш, а и Фазлагиќ едноставно не е играч кој би играл во тој ранг. Па така, и покрај тоа што Висла плати половина милион евра за неговиот трансфер од Жилина сепак, ќе мора сега да го пушти да замине со назнака дека би имала некаков процент од следнито трансфер на нашиот репрезентативец.
„Во моментов Висла не е во можност да го задржи Фазлагиќ. Тоа нам летово ни остава простор за маневар да пронајдеме нова средина каде што Енис ќе има полна минутажа и каде што ќе ја врати репрезентативната форма“ – ни изјави за Спортмедиа менаџерот на Фазлагиќ, Шаќир Реџепи.
Да потсетима Енис Фазлагиќ беше капитен на нашата У21 репрезентација и веќе има статус на А репрезентативец.