Алиоски се збогува со Фенербахче

3110

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски преку видео на социјалната мрежа Инстаграм се збогува со Фенербахче затоа што му истече позајмицата и сега ќе се врати во Саудиска Арабија во тимот на Ал Ахли.
Алиоски со Фенербахче го освои Купот на Турција, одигра 26 натпревари, а истанбулскиот клуб не сакаше да го откупи неговиот договор. Сепак, Алиоски нема да се задржи во Саудиска Арабија затоа што ќе го менува клубот.
Според турски „Сабах“ за него се заинтересирани Караѓумрук, Анкарагучу и Анталијаспор. Ќе видиме дали ќе заврши во некој од овие клубови или ќе оди во друг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by gjanni alioski (@gjanni.alioski)

ПретходноХоландска легенда стана тренер на турски клуб
СледноКрај на сагата, Интер прифатил 18 мил.евра од Ал Наср за Брозовиќ