Прилеп доведе уште едно засилување за претстојната сезона. Овој пат станува збор за Давит Ацевски, кој ќе биде задолжен за мрежата на супер-лигашот. Раководството на клубот и Ацевски потпишаа двегодишна соработка.
Тој доаѓа од Јуниор КВ и ќе ја дели минутажата со столбот голот на Прилеп Иван Ангелески.
Претходно во тимот дојдоа левиот бек Никола Цветаноски и пикерот Томче Трајчевски.