Бугарскиот центар Саша Везенков од следната сезона ќе игра за Сакраменто Кингс во НБА лигата, потврди инсајдерот Адријан Војнаровски.
Везенков по многубројните преговори на крајот ја прифати поканата од НБА тимот каде што „кралевите“ му ветија значајна улога во тимот за следната сезона. Актуелниот МВП на Евролигата се согласи на тригодишен договор со „кралевите“ за 20.000.000 долари.
Неговото аминување остави празно место во тимот на Олимпијакос на позицијата „четворка“, каде многу лесно може да се случи да го видиме Никола Миротиќ, кого Олимпијакос го бараше како потенцијална замена за Везенков.