Верстапен победник на спринтот во Австрија

142

Актуелниот светски шампион во Формула 1, возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, триумфираше на втората спринтерска трка од овогодинешниот шампионат која се возеше како дел од Големата награда на Австрија.

Холанѓанецот втора година по ред беше најдобар во спринтот на „Ред Бул Ринг“, а воедно ја забележа и четвртата победа во тој формат. Неговиот тимски колега Серхио Перез беше најблиску до актуелниот шампион и заврши втор, додека Карлос Саинц Јуниор со Ферари беше на третото скалило на подиумот.

Главната трка на „Ред Бул Ринг“ се вози утре од 15 часот. Верстапен и таму стартува прв.

Претходно„Трофеј Карпати“: Ракометарките поразени и од Швајцарија!
СледноОФИЦИЈАЛНО: Тимоти Веа е нов играч на Јувентус