Драгарски и Фитон ја уште посилна Беса

363

Христијан Драгарски е нов играч на македонскиот второлигаш Беса. Се работи за искусен бек кој доаѓа од редовите на Пелистер, а во кариерата играл и за странски клубови како Конкордија од Романија, Радник од Србија, Теута од Албанија. Во домашниот шампионат играл уште за Струга и за Победа.
Истовремено Беса го објави трансферот на Фитон Адеми. Тој доаѓа од Воска Спорт како слободен играч, а претходно ги бранеѓе боите на Беса.
Беса активно работи на трансферниот пазар. Денеска го презентира и искусниот Изаир Емини, пред неколку дена дел од Беса станаа и Јовица Радевски, Александер Борха, Меметриза Хамза, Бурим Садики и Арменд Алими.

ПретходноБосанецот Аганспахиќ во нападот на Шкендија
СледноИзраел во полуфинале на Европското младинско првенство