Откако Саша Везенков потврди дека се договорил со Сакраменто, уште една голема ѕвезда на европската кошарка оди во НБА лигата. Василије Мициќ се договорил со Оклахома за тригодишен договор вреден 23.500.000 долари, пренесува инсајдерот Адријан Војнаровски.
Двократниот шампион во Евролигата реши да го направи најголемиот чекор во кариерата и заминува во НБА. Мициќ ја смени агенцијата за американскиот пазар што беше најава дека има намера да оди во најсилната кошаркарска лига на светот.
Српскиот плејмејкер потенцираше дека парите не му се толку важни колку улогата што би ја имал во Оклахома или некоја друга франшиза. Мициќ ќе има близу осум милиони долари по сезона.