Екстра засилување: Изаир Емини потпиша за Беса!

758

 

Откако ја однесе Воска Спорт во елитата, Изаир Емини го напушти охридскиот клуб, но затоа сега е ново име и екстра засилување за Беса од Добри Дол. Амбициозен второлигаш кој има намера следната сезона да тргне кон остварување на сонот, а тоа е пласман во ПМФЛ.

Секако дека со искусниот и одличен напаѓач како што е Емини, екс фудбалер на Ренова и Шкендија, кој има и интернационално искуство во Косово и Албанија, ќе биде полесно.

„Да, можам да потврдам дека се договорив со раководството на Беса. Понудата која стигна веднаш откако си заминав од Воска мене лично ми одговараше. Знам дека Беса е тим кој што има и тоа како амбиции да се бори за пласман во елитата, и затоа се одлучив да ја прифатам понудата на клубот од Добри Дол“ изјави за “Спортмедиа“ Изаир Емини, фудбалерот кој Воска треба да го слави засекогаш, но….

ПретходноЈапонец од Висла Плоцк на позајмица во Вардар!
СледноТрагедија: На трка во Белгија загина 18-годишен возач (ВИДЕО)