ЖФК Љуботен се пофали со супер засулување – Бразилката Џованија

310

Македонскиот фудбалски шампион во женска конкуренција, ЖФК Љуботен се пофали со ново име во своите редови, а тоа е бразилската репрезентативка Џованија Доманигас Кампос. Се работи за искусна фудбалерка која има 37 години.
Тимот се спрема за настап во ЛШ, а првиот ривал е кипарски Аполон.
Големо добродојде за најголемото име кое било кога заиграло во македонскиот женски фудбал, бразилската интернационалка и сениорска репрезентативка Џованија. Триесет и седум годишната искусна интернационалка која има освоено скоро се што може да се освои во светски рамки е најново засилување за шампионот ЖФК Љуботен и ќе преставува вистинска мака за противничките екипи со што добиваме вистински квалитет во нападот.
Тука не застануваме продолжуваме со супер квалитетни засилувања пред најголемите предизвици ова лето квалификациите во лигата на шампиони за жени“, соопштија од Љуботен.

Претходно Љуботен објави уште три нови имиња – Матеа Блажевска, Ева Величковска и Андреа Коловска.

ПретходноКиз и Серундоло најдобри на трева во Истборн
СледноБосанецот Аганспахиќ во нападот на Шкендија