Бајката на Грузија заврши, но продолжува на Израел на Европското младинско првенство. Израел се пласираше во полуфиналето откако на пенали го елиминира домаќинот Грузија со 4:3. Мечот кој се играше во Тбилиси заврши без голови, па победникот го одлучуваа пеналите.
Израелците ги погодија сите удари од белата точка, а за Грузија промашија Гагуа во третата серија и Квадаџиани во петтата.
Израел во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот Англија-Португалија кој се игра утре.
Oва е второ учество на Израел на младинско ЕП и најголем успех до сега.
ᴀɴᴏᴛʜᴇʀ ʀᴇᴄᴏʀᴅ ᴄʀᴏᴡᴅ 🤩🏟️🇬🇪 #U21EURO | @GeorgiaGff pic.twitter.com/1kMiSPIy4C
— #U21EURO (@UEFAUnder21) July 1, 2023