Сите кошаркарски стручњаци, коментатори, па дури и навивачи потенцираа едно – дека Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг не можат да соработуваат и дека кога двајцата се на паркетот, се јавуваат проблеми.
Поради ова сите очекуваа Ирвинг да ги напушти Далас, но тоа нема да се случи.
Ирвинг беше слободен играч и можеше да одбере нова средина, но на крајот ја прифати понудата на Далас од 126 милиони долари за три години.
Осумкратниот ол-стар играч на тој начин ќе има договор колку и Лука Дончиќ, па Мавс сега имаат обврска, а тоа е да се обидат да го соборат Денвер Нагетс на врвот на Западот.
Далас тука нема да застане, го сака и поранешниот прв пик на драфтот, Деандре Ајтон, кошаркарот на Феникс кој имаше 18 поени и 10 скока по натпревар во сезоната зад нас, тие ги нудат Мекги, Холмс и Тим Хардавеј Јуниор.