Канаваро е наследникот на Пирло

272

Фабио Канаваро тренерската кариера ќе ја продолжи во Турција. Тој се согласи да го преземе Фатих Карагумрук, со што стана третиот Италијанец на клупата на овој тим по Франческо Фариоли и Андреа Пирло, кој доби отказ во мај.

Канаваро беше еден од кандидатите за наследник на Пирло и, според Sky Sport Italia, раководството на клубот веќе има донесено одлука.

49-годишниот Канаваро има искуство во Ал-Нсер, Тијанџин, Гуангжу и Беневенто, но неговата магија во Серија Б траеше само 17 натпревари.

Поранешниот дефанзивец е светски шампион со Италија од СП 2006 година, а истата година ја освои и Златната топка. На клупско ниво, Канаваро играше за Наполи, Парма, Интер, Јувентус, Реал Мадрид и Ал-Ахли.

ПретходноЛиверпул го донесе Доминик Собозлаи за 70 милиони евра
СледноЈокиќ во „транс“ на концерт на Ацо Пејовиќ: Поздрави је поздравииии (ВИДЕО)