Керим од Гостивар се пресели во Воска Спорт

255

Вилдан Керим е најновото засилување за новиот прволигаш Воска Спорт. Како што објавија од охридскиот состав, Керим доаѓа во тимот како слободен агент, бидејќи не го продолжи договорот со Гостивар.

Керим е напаѓач кој игра и на позиција на левото крило, а кој во текот на својата кариера се докажа надвор од Македонија играјќи прво во Турција, а потоа и на Косово.

Воска Спорт досега ги ангажираше голманот Бурхан Мустафа, дефанзивецот Фатих Исмаил, централниот бек Никола Стијеповиќ, централниот играч за врска Николче Шаркоски како и Бесир Исени.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Тимоти Веа е нов играч на Јувентус
СледноВезенков го напушта Олимпијакос и заминува во НБА