Киз и Серундоло најдобри на трева во Истборн

78

Титулите на АТП турнирот во Истборн ги освоија Американката Медисон Киз и Аргентинецот Франциско Серундоло.
Киз во финалето ја победи руската тенисерка Дарија Касаткина со 6:2 и 7:6.
Моментално 25. тенисерка на светот славеше против 11. на ВТА листата после еден час и 42 минути игра и така стигна до вториот свој трофеј во Истборн, а вкупно седма титула во кариерата.
А Серундоло во финалето на тревата во Истборн го победи Американецот Томи Пол по три сета 6:4, 1:6 и 6:4. За Серундоло ова е втор АТП трофеј во кариерата после оној во Баштад минатата година.

ПретходноСан Антонио го потврди потписот на Вембањама
СледноЖФК Љуботен се пофали со супер засулување – Бразилката Џованија